Tuesday, April 26, 2016

Марко Цепенков

Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот Прилеп кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија. Својата дејност ја започнува 1979 година како Дом на Културата, со специјално подготвената театарска претстава „Факел“ од Коце Солунски. Во почетокот Домот на Културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.Во 90-те години во склопот на Домот на Културата влегуваат КПЗ на град Прилеп, Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и ЦСЛУ. Домот на Културата „Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура „Марко Цепенков Прилеп со професионална и значајна издавачка, ликовно - галериска и сценско музичка дејност.ЦК „Марко Цепенков“ во 2004 година го добива статусот: Национална Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ и дотогашниотНароден театар „Војдан Чернодрински“ влезе во нејзини рамки.Необично е тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат сите културни настани кои се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле во НУЦК„Марко Цепенков Прилеп. Оваа институција е голема подршка за сите аматери но пред се голем репрезент на високо професионални театарски, литературни и ликовни дела.За својата исклучително значајна културна дејност како и за инзвондредните пред се театарски и музичко сценски изведби во 2009г. НУЦК„Марко Цепенков“ ја доби најпрестижната награда на град Прилеп „3-ти Ноември”.


5 comments: