Tuesday, April 26, 2016
Чаршијата во Прилеп
Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар на тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехрамбени производи.Исто така голема значајност во прилепскиот пазар имале бакалниците од кои селаните се опремувале за подолг период со храна и други потребни материјали.Страта чаршија е урбанистички комплекс , кој што својот најголем подем го има во вторта половина на осумнаесеетот век и почетокот на деветнаесеетиот век кога во тој период Прилеп бил многу развиен трговски и занаетчиски град.Во втората половина на деветнаесеетиот век , по серијта пожари која ја зафатиле старата чаршија во Прилеп во 1854,1866 и 1873 година економската и трговскта моќ на страта чаршија опаднала.Денешниот изглед старата чаршија го добила во втората половина на деветнаесеетиот век а комплексните проблеми , кои го исполнуваат оштественото живеење во овај период , исполнет со кризни состојби на сите нивоа од општествените структури , предизвикале девалвирање на ететските и финкционалните специфики на чаршијата.Дуќаните во страта чаршија биле со посебен стил изградени кои даваат посебен дух и шарм на просторот.И покрај тоа што се создала старата чаршија , пазарите не го изгубиле својот афинитет покрај големиот број на дуќани кој биле под сопственост на прилепските еснафи и пазарот бил активен , дуќаните си биле дуќани но пазарот останал за век и векови , затоа што по тој пазар биле познати прилепчаните.Со развојот на технологијата така и некои делови во старата чаршија во Прилеп се променети односно модернизирани , но со тоа се губи афинитетот на старата прилепса чаршија па поради тоа дуќаните во старата чаршија ќе се обноват како што биле во времето на создавањето на старата чаршија а и со тоа ќе се подобри туризмот во градот и ќе се вртаи автентичноста на градот.Исто така и ќе се изврши рестарвација на фасадите на дуќаните во чаршијата со што постепено ќе се вратат „ столетијата “ и исто така ќе се уреди и околината на страта чаршија во прилеп.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)


No comments:
Post a Comment