Tuesday, April 26, 2016
Чаршијата во Прилеп
Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар на тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехрамбени производи.Исто така голема значајност во прилепскиот пазар имале бакалниците од кои селаните се опремувале за подолг период со храна и други потребни материјали.Страта чаршија е урбанистички комплекс , кој што својот најголем подем го има во вторта половина на осумнаесеетот век и почетокот на деветнаесеетиот век кога во тој период Прилеп бил многу развиен трговски и занаетчиски град.Во втората половина на деветнаесеетиот век , по серијта пожари која ја зафатиле старата чаршија во Прилеп во 1854,1866 и 1873 година економската и трговскта моќ на страта чаршија опаднала.Денешниот изглед старата чаршија го добила во втората половина на деветнаесеетиот век а комплексните проблеми , кои го исполнуваат оштественото живеење во овај период , исполнет со кризни состојби на сите нивоа од општествените структури , предизвикале девалвирање на ететските и финкционалните специфики на чаршијата.Дуќаните во страта чаршија биле со посебен стил изградени кои даваат посебен дух и шарм на просторот.И покрај тоа што се создала старата чаршија , пазарите не го изгубиле својот афинитет покрај големиот број на дуќани кој биле под сопственост на прилепските еснафи и пазарот бил активен , дуќаните си биле дуќани но пазарот останал за век и векови , затоа што по тој пазар биле познати прилепчаните.Со развојот на технологијата така и некои делови во старата чаршија во Прилеп се променети односно модернизирани , но со тоа се губи афинитетот на старата прилепса чаршија па поради тоа дуќаните во старата чаршија ќе се обноват како што биле во времето на создавањето на старата чаршија а и со тоа ќе се подобри туризмот во градот и ќе се вртаи автентичноста на градот.Исто така и ќе се изврши рестарвација на фасадите на дуќаните во чаршијата со што постепено ќе се вратат „ столетијата “ и исто така ќе се уреди и околината на страта чаршија во прилеп.
Марко Цепенков
Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ го создава, чува и
негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на
градот Прилеп кој
неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери,
музичари, слободоумни луѓе со визија. Својата дејност ја започнува 1979 година
како Дом на Културата, со специјално подготвената театарска претстава „Факел“
од Коце Солунски. Во почетокот Домот на Културата
ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни,
драмски и фото клубови.Во 90-те години во склопот на Домот на Културата
влегуваат КПЗ на град Прилеп, Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“
и ЦСЛУ. Домот на Културата „Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура
„Марко Цепенков“ Прилеп со
професионална и значајна издавачка, ликовно - галериска и сценско музичка
дејност.ЦК „Марко Цепенков“ во 2004 година го добива статусот:
Национална Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ и дотогашниотНароден театар „Војдан Чернодрински“ влезе во нејзини рамки.Необично е
тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат
сите културни настани кои се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле
во НУЦК„Марко Цепенков“ Прилеп. Оваа институција е голема подршка за сите аматери но
пред се голем репрезент на високо професионални театарски, литературни и
ликовни дела.За својата исклучително значајна културна дејност како и за
инзвондредните пред се театарски и музичко сценски изведби во 2009г. НУЦК„Марко Цепенков“ ја доби најпрестижната награда
на град Прилеп „3-ти Ноември”.
могилата на непобедените
Могилата на
непобедените претставува
меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ,
според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.
Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и
спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките.
Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на
македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница,
каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле
животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран. Паркот
на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е
хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна
зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година,
во 1961 година во градот Прилеп го подига
монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамките на овој Парк.
Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална
површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462
паднати борци од Прилеп и
прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се
издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските
одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.
Subscribe to:
Posts (Atom)





