Могилата на
непобедените претставува
меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ,
според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.
Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и
спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките.
Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на
македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница,
каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле
животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран. Паркот
на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е
хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна
зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година,
во 1961 година во градот Прилеп го подига
монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамките на овој Парк.
Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална
површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462
паднати борци од Прилеп и
прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се
издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските
одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.


odlicno :)
ReplyDeletepreubavo
ReplyDeleteodlicno
ReplyDeleteSuper!
ReplyDeletesuper:)
ReplyDelete